дизајнира (св. и несв.)
Пријатно е да ја имаш среќата за прислужничка Додека ти ја отвора розовата врата на утрото И ти го принесува на прекрасно дизајниран тас Долго очекуваното изненадување.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Сите верувања, навики, вкусови, чувства, ментални ставови што го карактеризираат нашето време се дизајнирани всушност за да ја одржат мистичноста на Партијата и да го спречат согледувањето на вистинската природа на денешното општество.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Лифтовите во Холокауст центарот се дизајнирани да асоцираат на гасни комори.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа не значи дека сите етноси во Македонија треба да се денационализираат за да се створи некаков наднационален граѓанин кој подоцна би бил дизајниран според потребите на глобалните политички интереси.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Си купив сламена шапка која ми одговараше на апостолките дизајнирани од Жизел.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во филозофијата, или религијата, или етиката, или политиката, два и два можеле да прават пет, но при дизајнирањето на пушка или на авион тие морале да прават четири.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дизајниран е така што да потсетува на голем логор.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Овие евтини дигитални орудија веќе го претворија домот во киберстудио во кое поединецот ќе дизајнира, уредува, изведува и пренесува идеи (меми) на својот екран.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дваесет и првиот век ќе биде сведок на нова глобална култура, чии припадници припаѓаат на новата раса, ја слават човековата индивидуалност, човековата комплексност, неговите потенцијали, тие се просветлени бесмртници што комуницираат со брзина на светлината и дизајнираат технологии за нивната научна ре-анимација. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 37 okno.mk | Margina #32-33 [1996]
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Зошто да се дизајнираат нови фонтови кога има повеќе од доволно одлични фонтови кои ги задоволоуваат потребите на денешните графички дизајнери и печатари?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)